Роберто Манчини сепак ќе остане на селекторската функција во Италија.
Искусниот стратег по поразот од Македонија, со што Италија ги загуби шансите за настап на СП, беше „сменет“ од страна на медиумиуте, но од тоа нема ништо.
Италијанците се подготвуваат за меч против Турција за треттото место во баражот за СП во Катар.
„Минатото лето бев на фудбалскиот врв, а пред неколку дена се разбудивме од ноќна мора по поразот од Македонија. Фудбалот нè однесе од радост до голема тага во период од неколку месеци“, изјави Манчини.
Манчестер јунајтед и ПСЖ наводно беа заинтересирани за ангажман на предводникот на Аѕурите, но очигледно е дека нема ништо од тоа, барем засега.