Гранскиот колективен договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата се очекува наскоро да биде потпишан.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски денеска изјави дека неколкуте спорни прашања се надминати и оти следната недела работната група ќе има нова средба на која ќе треба да се допрецизираат овие работи.
– Минатата недела неколуте спорни прашања што ги имавме со министерот Дамјан Манчевски ги надминавме и идната недела работната група ќе се состане да ги расчисти тие делови. Верувам дека за две недели ќе го потпишеме гранскиот колективен договор. Со него ќе бидат опфатени сите вработени во јавната администрација вклучувајќи ги и правосудните органи, рече Грујовски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното потпишување на колективниот договор за вработените во Агеницјата за катастар на недвижности.
Во гранскиот колективен договор, како што посочи, ќе биде вклучена и исплатата на К-15 и јубилејните награди. На следната средба на работната група се очекува да се прецизира износот кој ќе се исплаќа на к-15.
Доколку се потпише гранскиот колективен договор, тогаш тој ќе почне да се применува од следната година.