Шкендија го ангажира Далку од Ворскла

Актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија, на кого не му оди сезонава во одбранта на титулата, го обезбеди првото зимско засилување, иако преодниот рок е на почетокот од идната година, со потпишување на договор со Ардин Далку, поранешен играч од украинската Ворскла Полтава. Овој фудбалер три недели мина на тренинзите со Шкендија, а одигра и еден контролен натпревар, по што доби понуда да потпише договор со тетовските “црвено-црни“.

Далку во Ворскла беше од 2012 година каде што прво настапуваше за младинскиот погон, а од 2016 година беше член на првиот тим и одигра 60 натпревари. Со Ворскла имаше договор до јуни годинава. Во Шкендија доаѓа како слободен играч. Право за настап за тимот од Тетово ќе има во пролетниот дел од сезоната.

 

Треба да знаете
Последни објави