Лос Анџелес лејкерс играат очајно сезонава па утринава загубија на гости кај Њу Орлеанс со 116-108 во рамки на НБА-лигата. Лејкерс си го доведоа во прашање пласманот во плеј-ин разигрувањето за пласман во плеј-офот по поразот од директниот конкурент.
Ова беше седми пораз за Лејкерси во последните 10 наптревари и паднаа на десеттото место на табелата во Западната конференција со скор 31-43, додека веднаш зад нив е Сан Антонио со една победа помалку (30-44).
Гостите доминираа во второто полувреме, па имаа и водство од 23 поени разлика. Предноста се стопи во второто полувреме, а Пеликанс пресвртот го комплетираа во последниот период. Леброн Џејмс играше речиси сам и постигна 39 поени, имаше помош од Малик Монк со 23 поени. Брендон Инграм со 26 поени беше најдобар кај Пеликанс.
Лука Дончиќ со 32 поени го предводеше Далас до победа од 114-100 против Јута.
Бруклин беше изненаден на домашен паркет од Шарлот со 110-119. Ламело Бол постигна 33 поени за победничкиот тим, додека кај Нетс најдобар беше Кевин Дурент со 27 поени.
Феникс санс во дербито со Филаделфија сиксерс потврди зошто е најдобар тим во лигата и славеше со 114:104. Девин Букер беше предводник на „сонцата“ со 35 поени, додека Крис Пол имаше дабл-дабл од 19 поени и 14 асистенции. Кај Филаделфија, Џоел Ембид ја продолжи трката за МВП признанието и постигна 37 поени и имаше 15 скокови, додека лоша партија имаше Џејмс Харден кој даде само 14 поени.
Детроит – Њујорк 102-104
Бостон – Минесота 134-112
Вашингтон – Голден Стејт 123-115
Феникс – Филаделфија 114-104