Наредена евакуација поради пожарот во Калифорнија

Властите во Калифорнија наредија евакуација на стотици луѓе од градот Гејзервил, северно од Сан Франциско, поради пожар што се шири во округот Сонома.
Шерифот во таа област нареди задолжителна евакуација за местото, во кое живеат околу 900.000 луѓе. Околу 200.000 луѓе останаа без струја во областа, објави Ројтерс. Калифорниското Министерство за шумарство и заштита од пожари соопшти дека пожарот, поттикнат од силните ветрови, досега зафатил површина од околу 10.000 ари.

Треба да знаете
Последни објави