Седумкратниот светски шампион утрешната трка ќе ја стартува од очајното 16.место. Тој не успеа да го мине првиот квалификациски циклус за прв пат по речиси пет години, односно од трката за Големата награда на Бразил во 2017 година.
Англичанецот од новинарите беше запрашан за што мисли за овој натпреварувачки викенд, кој беше многу бурен со оглед на ракетните напади на нафтена рафинерија во Џеда во близина на патеката.
„Не е место каде што сакам да бидам, едвај чекам да си одам дома“, кратко искоментира возачот на Мерцедес.