Еурофарм Пелистер славеше во Скопје, односно во салата „Јане Сандански“ со 24-23 во големото македонско дерби против поранешниот европски првак Вардар.
„Црвено-црните“ имаа предност од 9-7 во првото полувреме, меѓутоа тоа беше последно водство на Вардар, откако Еурофарм Пелистер до крајот на полувремето го сврте резултатот во своја корист (12-11).
Е. Пелистер водеше во текот на второто полувреме, а во завршницата стигна до четири гола предност, по што беше речиси јасно дека ќе слави, но Вардар влезе во одлична серија и стигна до 23-24, меѓутоа тоа беше сè од скопскиот тим.
Битолскиот тим го задржа водството и на крајот славеше со 24-23 во големото македонско дерби и сега се во пол-позиција за титулата.