Пакистански суд денеска му одобри кауција на поранешниот премиер Назиф Шариф поради здравествени причини, изјави неговиот адвокат Азам Назир Тарар.
Шариф (69), кој беше пакистански премиер во три мандати, отслужува седумгодишна затворска казна заради корупција, пресуда што му беше изречена минатата година, пренесоа британските медиуми.
Тој ги негираше обвинувањата, за кои кажа дека се политички мотивирани.
Од затвор тој во понеделникот беше префрлен во болницата во Лахоре, а неговата партија изрази загриженост заради неговата здравствена состојба.
-Поднесовме барање за кауција заради тоа што има влошување на неговата здравствена состојба и потребна му е подобра нега, изјави Тарар по донесената пресуда.