Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ повторно се соочува со тешки здравствени проблеми затоа што му се врати леукемијата против која се бореше со месеци и ќе мора повторно да се врати во болница.
На Србинот првпат му беше дијагностицирана леукемија пред две ипол години.
Иако му се врати болеста, сепак Михајловиќ е мирен во моментов и верува дека ќе ја победи болеста.
-Морам повторно да отсуствувам, се надевам дека овој пат ќе биде пократка паузата. Болеста се врати, ќе морам да одам на лекување. Болеста е храбра бидејќи реши да се врати. Не ѝ беше доволно кога ја победив еднаш. За разлика од минатиот пат, сега сум мирен. Знам што треба да направам и ситуацијата е поразлична, вели Михајловиќ.