Според квотите на кладилниците, британските пратеници нема да го одобрат барањето на премиерот Борис Џонсон за оддржување вонредни избори на 12 декември, но избори најверојатно ќе има следната 2020 година, соопшти денеска кладилницата „Ledbrokers”.
-Изгледа дека Борис Џонсон годинава ќе треба да напише ново писмо до Дедо Мраз со своите божиќни желби, изјави портпаролката на кладилницата „Ledbrokes” Џесика О’Рајли, пренесоа британските медиуми.
Квотите индицираат дека можноста за избори годинава се 33 отсто, а веројатноста за избори следната 2020 година изнесува 67 проценти, додека за избори во 2021 година веројатноста е само четири проценти.