Денеска, во Карпош, „зазелени“ и инклузивното игралиште во населбата Влае 2. Раззеленет е просторот од почетокот на инклузивното игралиште во Влае 2, до платото „Делфина“. Засадени се нови, ниско украсни грмушки од типот „BUXUS“ и „JUNIPERUS“. Новото зеленило го опкружува целото инклузивно игралиште кое е со намена да овозможи рекреација и за децата со попреченост. Исто така, со цел да се обезбеди поголема безбедност на најмладите, локалната самоуправа околу него постави и заштитна ограда. Ова е уште една зона за рекреација, наменета за најмладите и нивните родители, баби и дедовци.
Локалната самоуправа се стреми да ги облагородува јавните површини, да создава катчиња кои ќе го поттикнуваат меѓугенерацискиот соживот и дружба.
Неодамна, нов детски парк се направи и во Криви Дол, а тековно се санираат и постоечките детски игралишта.
Повикуваме на правилно користење на реквизитите на сите игралишта, како и да се води сметка за заштита на животната средина и урбаната опрема (клупите и корпите за отпадоци).