Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, пред вечерашниот дуел со големиот фаворит Норвешка, рече дека во спортот се случуваат изненадувања и побара поддршка за „црвено-жолтите” без разлика на конечниот резултат.
– Во спортот секогаш треба да веруваш во нешто невозможно. Ние сме во ситуација да нема што да изгубиме, а да можеме многу да добиеме од дуелот со Норвешка. Нема да калкулираме и од почетокот ќе тргнеме ако ни се отвори можност да одиграме егал. Во спротивно може да размислуваме некои работи за следните противници. Ова репрезентација направи многу со поминување на квалитетни противници во баражите. Што и да се случи вечерва треба да го задржиме нашиот пат. Имаме седум дебитанти на ова Светско првенство. Подмладената репрезентација заслужува поддршка, истакна Лазаров.
Натпреварот во Краков почнува во 20:30 часот и е во рамките на 1. коло од Ф-групата на Светското ракометно првенство 2023.
Другата двојка за почетната рунда во оваа група е Холандија – Норвешка.