Тинеjџер провалил во затвор во Германија за да се смири со поранешната девојка

Во обид повторно да ја придобие својата поранешна девојка, тинејџер од Германија провалил во затвор.

Според надлежните во затворот, 18-годишникот го искачил ѕидот во висина од четири метри за да дојде до прозорецот на својата поранешна девојка, јави АП.

Младото момче стигнало до прозорецот од ќелијата и одбивало да слезе, па биле повикани пожарникари, кои со скалила го спуштиле долу. Тој се товари за недозволен пристап и контакт со затвореник.

Не е јасно дали успеал да се смири со девојката, која исто има 18 години и му раскинала преку телефонски повик.

Треба да знаете
Последни објави