Мет Дејмон би заработил 374 милиони долари доколку не ја пропуштил шансата да глуми во „Аватар“.
Режисерот Џејмс Камерон на 50-годишниот актер му понудил десетина од заработката на филмот за да го портретира Џејк Сали во научно-фантастичниот еп од 2009 година, кој заработи 2 милијарди фунти на киноблагајните и стана филм со најголема заработка на сите времиња – а sвездата на „Борнов идентитет“ го чини богатство.
Говорејќи на Канскиот филмски фестивал, Мет откри: „Ми понудија мал филм наречен Аватар. Ќе влезам во историјата – никогаш нема да сретнете актер кој одбил повеќе пари од мене.“
Улогата заврши кај Сем Вортингтон, а Мет се пошегува дека ако ја прифател ќе имал доволно пари да испрати ракета во вселената како тајкуните Сер Ричард Бренсон и Џеф Безос.
Во најновиот филм „Стилвотер“, Мет глуми работник во нафтена индустрија кој патува во Франција за да ѝ помогне на отуѓената ќерка откако таа е обвинета за убиство. Филмот беше премиерно прикажан на фестивалот во Кан минатата недела.