Најбрзиот возач на трката во МотоГП во Австралија викендов, Маверик Вињалес не успеа да ја запиша втората последователна победа на „Филип ајленд”. Шпанецот не успеа да запише поени на трка, чиј лидер беше во најголем дел. Пилотот на Јамаха падна во последниот круг, откако беше надминат од Марк Маркез. И покрај лошата завршница, Вињалес се надева на преостанатите две кола во 2019 година и почетокот на сезоната 2020 година.
– Јас сум всушност среќен затоа што дадов се од себе во секој круг. Сигурно има работи што треба да ги подобриме. Секој може да ги види и на телевизија. Треба да продолжиме да го развиваме мотоциклот. Дадов се од себе, сакав да бидам прв. За мене денес ситуацијата беше победа или ништо, рече Вињалес по трката, кој на стартот изгуби пет позиции.
Главното подобрување што го сакаат Вињалес, како и тимскиот колега Валентино Роси е моќта. Токму повисоката максимална брзина на мотоциклот на Маркез заедно со воздушниот тунел на Вињалес му овозможи да го престигне во последниот круг.