Салата во Центарот за култура „Марко Цепенко” во Прилеп беше претседана да ги собере сите граѓани кои сакаа да присуствуваат на трибината „На прав пат”. Големата заинтересираност потврди дека Прилеп и политиките на Владата се на прав пат, им благодариме на граѓаните на Прилеп за масовното присуство со што даваат поддршка државата да продолжи на вистинскиот, правиот пат.
Целиот демократски свет го потврди нашиот успех, никој нема дилема, тоа е патот по кој треба да одиме и да продолжиме и по 12-ти април. Нема да дозволиме повторно да не водат криминалци, да ја вратат државата од таму од каде што ја извадивме, од калта – e пораката испратена од Трибината на СДСМ, под мотото „На прав пат” во Прилеп.
Нашата татковина припаѓа на ЕУ и затоа не прифаќаме никакви алтернативни решенија, како парнерства или посебни статуси, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, додавајќи дека ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО оди со одлично темпо, САД предвреме го ратификуваа и остануваат уште три земји за ратификација.
НАТО е нашиот имотен лист, со завршување на ратификациите на Протоколот го добиваме нашиот имотен лист, ја обезбедивме државата. Се впишуваме во Катастарот на држави кои се сигуни, стабилнии еднакви со демократскиот свет. НАТО значи сигурност и безбедност, но НАТО значи и инвестиции, повеќе пари и нови работни места. Тоа е прав пат! порача претседателот Заев
Претседателот Заев пред граѓаните на Прилеп порача дека само Христијан Мицкоски се израдувал на одлуката ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, што не е карактеристика на луѓе коишто си ја сакаат државата.
Потпретседателот на СДСМ Коста Петров, на трибината во Прилеп се осврна, пред се на младинските политики нагласувајќи дека наш најголем пораз е младите да се иселуваат во странство.
Горд сум на политиките на СДСМ за младите, како европската младинска картичка, гаранцијата за млади, која обезбедува платени пракси, поддршката за млади земјоделци, кои добиваат по 10.000 евра неповратни средства, поддршката за младите лекари, обуките за ИТ вештини за 1200 млади лица истакна Петров.
Членот на ЦО на СДСМ, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се осврна на проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа, гасификацијата, изградбата на железници, водоводни и канализациски мрежи.
СДСМ за 2,5 години реализираше 700 километри патна мрежа, уште 400 километри се во изградба, а 300 километри ќе почнат да се прават на пролет, рече Сугарески, додавајќи дека тоа е неспоредливо многу повеќе отколку ВМРО ДПМНЕ за 11 години.
На трибина „На прав пат” во Прилеп учество зеде и членката на ЦО на СДСМ, Сања Лукаревска која се осврна на мерките што ги спроведува Управата за јавни приходи, а се во интерес на граѓаните и економијата, како „Мој ДДВ” со кој веќе на почетокот на декември ќе бидат вратени 3 милиони евра кај граѓаните.
– Сите институции денес работат во интерес на граѓаните. Принципот на „пиштење и вриштење” што го воведе вашиот сограѓанин Јанакиески кон даночните обврзнци, денес веќе не постои. Денес имаме професионален и неселективен однос кон сите граѓани, посочи директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Членот на ЦО на СДСМ и министер по земјоделство ,водостапанство и шумарство Трајан Димковски, на трибината во Прилеп се осврна на производството на тутун и потенцираше дека од 65 отсто од вкупно производство на тутун е токму од овој крај.
Тој како дел од мерките и заложбите на Владата предводена од СДСМ ги посочи зголемувањето на субвенциите, зголемувањето на просечната цена на тутунот кој од 196 денари по килограм во 2016 порасна на 214 денари,па и 217 денари по килограм во 2018 година, а со тоа просечната цена на тутунот е зголемена за 9 отсто.
Градоначалникот на Прилеп на граѓанската трибината „На Прав Пат” во организација на СДСМ Илија Јованоски истакна дека 12 години ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Марјан Ристески им продаваа на граѓаните лажен патриотизам и популизам и неисполнети ветувања.
Локалната власт од СДСМ за само две години асфалтираше 24 километри улици во градот, а до крајот на оваа градежна сезона ќе се довршат уште 20 улици, како и стадионот, рече Јованоски, додавајќи дека Општина Прилеп неуморно работи и на уште големи проекти планирани за периодот кој следува, како булеварот од вредност од 1 милион евра, реновирање на градската чаршија, затворен базен и детска градинка и театарот во Прилеп.
За разлика од порано, оваа власт предводена од СДСМ стои на зборот и го исполнува ветеното. Прилеп е на прав пат, државата ни е на прав пат!