(Видео) Илјадници луѓе се чувствувале тажни откако го гледале „Аватар“

Долгоочекуваното продолжение на „Аватар“, „Патот на водата“, привлече илјадници луѓе во кината за да го видат филмот кој се снимаше 13 години.

Додека режисерот Џејмс Камерон се надева дека филмот ќе биде хит како првиот, едно нешто што никој не сака е повторување на она што е познато како Post Avatar Depression Syndrome (поставатарска депресија).

Необичен феномен се случи во далечната 2009 година, кога фановите на „Аватар“ се запознаа со раскошниот и измислен свет на Пандора. Благодарение на визуелната мајсторија што е вложена во создавањето на блокбастерот, гледачите се превезуваа до фасцинантни сцени на блескава и зачудувачка планета недопрена од човечка рака.

За многумина тоа беше празник за очи, но според извештајот на „Си-ен-ен“ од 2010 година, некои станале депресивни откако го гледале филмот затоа што сакале самите да ја посетат Пандора, но сфатиле дека тоа никогаш нема да биде возможно. Ова беше истакнато и на страницата за обожаватели наречена Аватар Форуми, со тема насловена: „Начини да се справите со депресијата затоа што Пандора е нематеријална“.

Треба да знаете
Последни објави