Основачот и извршен директор на „Амазон” Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот за време на послепладневното тргување во четвртокот, а на негово место повторно дојде ко-основачот на „Мајкрософт” Бил Гејтс. Акциите на „Амазон” паднаа за 7 проценти, со што богатството на Безос се намали на 103,9 милијарди американски долари. Ова го стави на второто место меѓу најбогатите луѓе во светот.
Нов број еден е ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, вреден 105,7 милијарди долари.
Бил Гејтс дебитираше на првата листа на милијардери на Форбс во 1987 година со нето вредност од 1,25 милијарди долари. Безос првпат се приклучи на листата на Форбс на 400 најбогати Американци во 1998 година, една година откако Амазон излезе во јавноста, со нето вредност од 1,6 милијарди долари.