Елмас беше стартер кај Наполи, Нестровски го гледаше дебаклот на Удинезе од клупата

Најмладиот македонски претставник во италјанската фудбалска Серија А, Елиф Елмас кој летово прситигна во редовите на Наполи на гостувањето кај СПАЛ се најде во почетната постава на тренерот Карло Анчелоти. Македонскиот репрезентативец Елмас беше првиот играч во редовите на Наполи кој во 54 минута беше повлечен од игра. Средбата заврши без победник (1:1). Наполи прв поведе уште на почетокот од натпреварот во 9 минута, но домаќинот израмни во 16 минута и тоа беше конечниот резултат.

Другиот македонски претставник во италјанското „калчо“ Илија Несторовски не доби шанса да заигра во тимот на Удинезе. Несторовски од клупата за резерви го проследи дебаклот кој Удинезе го доживеа на гостувањето кај Аталанта (7-1).

Најискуснииот, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев вчера постигна гол за Џенова која со  3-1 ја совлада како домаќин Бреша. Пандев беше стрелец на третиот гол за својот тим.

На другите денеска напладен одиграни мечеви Торино и Каљари ремизираа 1-1, а Болоња со 2-1 ја победи Сампдорија.

Треба да знаете
Последни објави