Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски во дресот на кипарксиот АЕК Ларнака постигна хет-трик во првенствениот меч против Енозис кој заврши без победник 4:4. Искусниот македонски интернационалец Тричковски со новите три гола се зацврсти на лидерската позција на листата на стрелците во кипарскиот шампионат со 9 постигнати гола.
Тричковски кој поради повреда не му беше на располагање на македонскиот селектор Игор Ангеловски за квалифиакцискиот дуел со Полска во Варшава, ја санирал повредата и за 20 минути игра во второто полувреме пред своите гледачи го сврти резултатот од 1:3 на полувремето за Енозис, на 4:3 за домаќинот, но неговиот тим на крајот сепак не ги освои и трите бода. Прими гол во финишот од мечот кој заврши без победник.