Почна сезоната на протести пред Владата, како загревање за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април идната година. Земјоделците први го истрчаа мартонскиот круг, но се отвори широка дебата дали се вистинските или пак партиски активисти од опозицијата која мќе ја напаѓа власта да и ја преземе позицијата. На ова прашање во зависност од каде се бара одговорот доаѓаат спротивставени аргументи за тоа кој е во право.
Саботниот протест на земјоделците беше само повод да се продолжи со оцрнувањата на релација опозиција – влас. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека полицијата се обидела да ги спречи мирниот протест на земјоделците со науружени „до заби“ припадници на полициските сили, па и борбени возила… Од владеачката СДСМ го возвраќаат ударот дека протестот на земјоделците, не е ништо друго, туку организиран собир од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат дека земјоделците ги живеат најцрните времиња од независноста на државата. Тие обвинуваат дека субвенции не стигаат до сите земјоделци, а пак од владејачката СДСМ, пак уверуваат дека вистинските земјоделци немаат причина да протестираат, бидејќи владината поддршка за нив годинава достигнува до 7 милијарди денари.
За да се поткрепат обвинувањата од двете страни се објавуваат и коментираат видео записи. Опозиционерите вртат снимки како не им се дозволува на тракторите натоварени со земјоделски производи да продолжат кон зградата на владата, а од другата старана пак во протесниот марш се откриваат присутните активисти од ВМРО ДПМНЕ, па и блиски членови од семјства на претеници на опозициската партија кои немаат ништо заедничко со земјоделците. На некои поратли дури и се врти видео записи и транскрипт именуван како нова „бомба“ на македонската олитичка сцена со која се разголува организацијата на опозицијата од внатрешноста при организирањето на протестот за да биде што помосовен…