Арсенал не го победи Кристал Палас (2:2) пред своите гледачи во 10.коло од англиската фудбалска Премиерлига, а уште поголем гнев на домашните навивачи покрај половичниот резултат им навлече швајцарскиот интеранционалец Гранит Џака.
Швајцарецот Џака кој ја има довербата да ја носи капитенската лента на Арсенал, откако беше повлечен од игра реагираше скандалозно на свирежите од публиката. Го соблече дресот на Арсенал и го фрли што е голема навреда на навивачите и за клубот кој му ја укажа довербата да биде лидер на тимот. Рекациијата на раковдството на „топчиите“ се очекува дополнително.
Арсенал по 10 одиграни кола со 16 бода е петтопласиран, а веднаш заднего се наоѓа Кристл Палас со 15 бода.