Голден Стејт демолиран и од Оклахома, Лејкерси фаќаат ритам

Оклахома Сити Тандер на свој паркет го совлада Голден Стејт со високи 120:92. Домаќинот од самиот старт влезе подобро во натпревароти  после првата четвртина имаа предност од 35:20. Во четвртата четвртина домаќините направија многу промени и одиграа нешто по опуштен па Голден Стејт успеа да намали на конечни 120:92 со што Оклахома стигна до првата победа сезонава.

Денис Шордер ја предводеше Оклахома со 22 поени, а Стеф Кари беше најефикасен кај Вориорси со 23 поен.

Портланд му го нанесе првиот пораз на Далас оваа сезона. После две победи, Далас на домашен терен изгуби од Портланд со 119:121. Лука Дончиќ и овој пат беше одличен дојде на чекор од трипл-дабл со учинок од 29 поени, 12 скокови и девет асистенции, Порзингис го заврши натпреварот со 32 поени, 9 скокови и 4 асистенции. Најефикасен на мечот беше Меколум од Портланд со 35 поени, 6 скока и 4 асистенции.

Лејкерси немаа проблеми во дуелот против Шарлот со победата од 120:101, иако Хорнетс делуваа доста разиграно на стартот од средбата. Езерџиите реализираа 33 поени во последната четвртина, кога ја изградија двоцифрената предност, а Дејвис со ефикасните 29 поени и 14 скока беше предводникот до вториот триумф во низа.

И Леброн Џејмс запиша дабл-дабл со 20 поени и 12 асистенции, а перфектна партија одигра искусниот Хауард реализирајќи ги сите осум обиди од игра, па со 16 поени, 10 скока и четири блокади беше исто така клучен за конечниот исход во корист на Лејкерс. Бриџес со 23 поени беше најсветлата точка од редовите на Шарлот.

Mемфис во интересен натпревар после продолженија беше подобаро д Бруклин. На свој терен победа запиша и Минесота против Мајами со 116:109.

Mемфис во интересен натпревар после продолженија беше подобаро д Бруклин. На свој терен победа запиша и Минесота против Мајами со 116:109

Треба да знаете
Последни објави