На 27.10.2019 во 11.00 часот во близина на с.Калиште, гостиварско, полициски службеници ги затекнале Р.О. и З.Ш., двајцата од с.Калиште, кои биле на лов со уредна дозвола за оружје и дневна дозвола.
Кај нив била пронајдена отстрелана срна, за која не поседувале дозвола за отстрел. Тие биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор „Маздрача“ и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.