Портпролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски негираше дека Цветан Трипуновски е организаторот односно координаторот на протестите на земјоделците, откако протекоа снимки дека тој наводно ги организирал.
–Организатор на протестите беа самите земјоделци, а ние како ВМРО-ДПМНЕ вклучително како и членот на извршниот комитет, Цветан Трипуновски е одговорен за делот од земјоделието во извршниот комитет кажа, изјави јавно дека заедно со ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат протестот на земјоделците и ја разбираат нивната мака така да на протестот се организатори самите земјоделци. А, Цветан Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ ја дадоа поддршката, рече Арсовски.