Денеска, на патеката на Кејот на реката Вардар (кај Амфитеатарот), во пресрет на Денот на Општина Карпош се одржа традиционалниот Атлетски крос, накојшто учествуваа ученици (девојчиња и момчиња), од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од сите основни училишта во Карпош. На амфитеатарот на Кејот на реката Вардар, признанијата на најдобрите им ги врачи градоначалникот Стефан Богоев.
Тој пред присутните основци се осврна на важноста од физичка активност на најмладите и нивното учество во спортско – рекреативни активности.
-Како локална самоуправа, преку Училишните спортски лиги се обидуваме да го надградиме вашиот талент, а и вие да имате простор за поголема физичка активност. Оваа недела имаме повеќе спортски настани, финалиња во ракомет, во фудбал, кошарка и одбојка. Преку спорт и фер плеј го одбележуваме 43 – от роденден на Општина Карпош, рече Богоев.
Градоначалникот напомена дека локалната самоуправа продолжува да ги унапредува условите во основните училишта и да ја подобрува инфраструктурата за спортување. Учениците од шесто одделение се натпреваруваа на 100 и 150 метри.
Најдобри во женска категорија беа: Дарија Стојанова, од ООУ „Димо Хаџи Димов која го освои првото место “, Марија Груевска, од ООУ „Петар Поп Арсов“ е освојувач на второто место и Марија Спасовска од ООУ „Петар Поп Арсов“, која го освои третото место.
Кај машките, најдобри беа: Дамјан Буцевски, од ООУ „Владо Тасевски“, кому му припадна победничкото прво место, Илија Митановски од ООУ „Владо Тасевски“- второ место и Дамјан Стефков, од ООУ „Димо Хаџи Димов“ го освои третото место.
Учениците од седмо одделение се натпреваруваа на 150 и 200 метри.
Најдобри во женска категорија беа: Магдалена Крстева, од ООУ „Вера Циривири Трена“- прво место, Ангела Тасевска, од ООУ „Петар Поп Арсов“ – второ место и Илина Илиевска, од ООУ „Јан Амос Коменски“ која го освои третото место.
Кај машките, најдобри беа: Андреј Здравковски, прво место, ученик од ООУ „Димо Хаџи Димов“, Дамјан Павловски, второ место ученик од ООУ „Петар Поп Арсов“ и Брајан Авил, од ООУ „Лазо Трповски освојувач на третото место “.
Учениците од осмо одделение се натпреваруваа на 200 и 250 метри.
Најдобри во женска категорија беа: Деница Јашарова, од ООУ „Аврам Писевски“, освојувач на првото место, Миа Димовска, од ООУ „Јан Амос Коменски“ пристигна на второ место и Луна Алексова, од ООУ „Вера Циривири Трена“ се пласира на трето место.
Кај машките, најдобри беа: Омер Алитовски, од ООУ „Аврам Писевски“ кој го зазеде првото место, Теодор Хаџи Поповски, од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ на второто место и Боја Лукиќ, од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“- на третото место.
Учениците од деветто одделение се натпреваруваа на 250 и 300 метри.
Најдобри во женска категорија беа: Снежана Туневска, од ООУ „Јан Амос Коменски“ која го освои првото место, Ана Блајер, од ООУ „Владо Тасевски“ се пласираше на второ то место и Софија Тошевска, од ООУ „Димо Хаџи Димов“-на трето место.
Кај машките, најдобри беа: Бујар Мехмети, од ООУ „Братство“ кој заврши на првото место, Лука Петејчук, од ООУ „Вера Циривири Трена“ стаса на второто место и Лука Трифуновски, од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ го зазеде третото место.