На 27.10.2019 полициски службеници од Полициското одделение Матејче од слобода го лишиле З.Ј.(60) од с.Никуштак, поради тоа што околу 10.30 часот во атар на с.Никуштак, општина Липково, упатил закани со пиштол кон Н.Н.(29) и неговиот татко Р.Н. од с.Мојанце, скопско, кои напасувале овци, по што пукал и го погодил нивното куче.
З.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.