Поранешниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон е подготвен повторно да влезе во рингот, но само под еден услов, за милијарда долари.
Тајсон повторно би ги облекол ракавиците и е подготвен да боксува со својот добар пријател, јутјуберот Џејк Пол кој во последно време е активен во рингот.
– Никој не зборувал со мене за евентуален бокс меч. Заедно со Џејк пушевме марихуана, правевме печурки, но не ми спомна ништо за било каков бокс меч. Нема да кажам „не“ на таков меч, но сакам да го видам догоорот – рече Тајсон во својот подкаст.
„Железниот“ Мајк откри дека и на 55 години ќе влезе во рингот, но под еден услов.
– Подготвен сум повторно да боксувам, но за милијарда долари – рече Тајсон.
Мајк Тајсон минатата година ги вкрсти ракавиците со уште една боксерска легенда Рој Џонс јуниор во хуманитарен бокс меч.