Во периодот од јануари во октомври годинава од Грција во Турција се вратени вкупно 25.404 мигранти, јави весникот „Хуриет Дејли Њуз” цитирајќи соопштение на турското Министерство за надворешни работи.
Според податоци на Министерството, во 2018 година од Грција во Турција се вратиле 11.867 илегални мигранти.
Турција исто така ја повика Грција да престане да враќа нелегални мигранти во Турција. Според Анкара, Грција со тоа го прекршува меѓународното право.
Турција досега примила околу 3,6 милиони сириски бегалци. Според официјални податоци, Анкара досега потрошила 40 милијарди евра за бегалците.