Куртоа: Ќе мораме да поразговараме за тактиката

Тибо Куртоа, прими четири гола, но и покрај тоа беше најдобриот играч на Реал во поразот од Барселона (0:4). Голманот, по дебаклот на неговиот тим, му испрати јасна порака на тренерот Карло Анчелоти: „Ќе мора да разговараме за тактиката“.

Шпанската јавност, особено медиумите кои традиционално му се наклонети на Реал, го посочија Карло Анчелоти како главен виновник за синоќешната катастрофа. Искусниот тренер не бега одговорноста, ја прифати вината за поразот.

Голманот Тибо Куртоа, во изјава за „Мувистар“, му испрати јасна порака на својот тренер.

„Ќе мораме да поразговараме за тактиката. Интерно, во соблекувалната, а не јавно. Факт е дека ништо не функционираше, ниту на почетокот на натпреварот, ниту кога почна второто полувреме“, рекол Куртоа.

Дополнил дека тренерот се обидел нешто да смени на полувремето, но…

„Мислевме дека можеме да се вратиме. А по 10 секунди игра во вториот дел Феран Торес стана еден на еден со мене. Го игравме финалето на купот со лажна деветка и не можевме да шутнеме кон голот на противникот. Истото и сега ни се случи. Почнавме добро. Валверде имаше шанса, но Тер Штеген одбрани. Не успевавме да најдеме слободен човек на теренот. Во второто полувреме влеговме онака како што не смее кога си играч на Реал. Можевме да загубиме и со поголема разлика“, заклучил Куртоа.

Треба да знаете
Последни објави