Виетнам работи на забрзување на идентификацијата на жртвите од камионот

Виетнам се обидува да ја забрза идентификацијата на своите граѓани за кои се сомнева дека се меѓу луѓето кои минатата недела беа пронајдени починати во камион, во близина на Лондон. „Националноста на жртвите уште не е официјално потврдена“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Виетнам, пренесе „Ројтерс“. Според неговите зборови, Виетнам и Велика Британија се обидуваат дека ја забрзаат идентификацијата на телата, но не е поставен рок.

Британскиот суд вчера соопшти дека во криумчарењето на луѓето била вмешана меѓународна криминална група. Возачот на камионот е соочен со обвинение за убиство и трговија со луѓе.

Треба да знаете
Последни објави