Во најголемото дерби на холандскиот фудбал Ајакс го победи Феенорд со 3:2, освојувајќи важни бодови во борбата за титулата.
Ајакс успеа да стаса до победата, иако гоститте водеа со 1:0 и со 2:1.
Феенорд поведе веќе во 8 минута со голот на Луис Синистер, а израмни Себастијан Халер во 24 минута. Меѓутоа, само четири минути подоцна Гус Тил погоди за второто водство на тимот од Ротердам.
Сепак, Ајакс во последните 12 минути од мечот успеа да направи пресврт. Душан Тадиќ израмни во 78 минтуа, а славјето за „Копјаниците“ го донесе Ентони во 86 минута, а неколку минути подоцна истиот играч доби црвен картон.
Ајакс сега има 66 бодови, пет повеќе од ПСВ Ајндховен кој има и натпревар помалку. Феенорд е трет со 55 бодови, додека четвртиот Твенте има 54 бодови.