Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Очајноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со тоа што опозицијата нема никаква понуда за да излезе пред граѓаните. Тоа го потврди и Трајко Славески кој призна дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма и нема идеја.
Очигледно тоа е една од причините, покрај загубената поддршка кај граѓаните, зошто ВМРО-ДМНЕ бегаат од брзи избори, зошто и нивните средби со граѓаните се вистинско фијаско.
Единствена програма која опозицијата ја нуди е обнова на криминалот и режимот, обнова на поделбите меѓу граѓаните, нееднаквоста, дискриминацијата и враќање во темното минато кога државата немаше никаква европска иднина.
Се додека ВМРО-ДПМНЕ е против раст на платите, против поврат на ДДВ, против отворање на нови добро платени работни места, не можат да се надеваат на поддршка од граѓаните.
Граѓаните избраа да одат по прав пат кој значи безбедност и сигурност, евроинтеграции, помали трошоци и повеќе пари за секое семејство.
Затоа на 12 април, граѓаните повторно ќе и дадат црвен картон на деструктивна ВМРО-ДПМНЕ која се уште егзистира по груевистички методи. Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот, туку ќе потврдат дека државата е на прав пат, пат кој води кон НАТО и ЕУ, кон поголеми плати, инвестиции, сигурност и стабилност.