Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ постави 85 нови корпи за отпадоци во старата скопска чаршија. Надлежните апелираа граѓаните да се грижат за новите корпи, да не ги кршат капаците и отпадот да го фрлаат во корпите, а не околу нив.
„Апелираме до граѓаните да бидат совесни, да не фрлаат околу корпите, да не ги уништуваат, за да не ни се повтори истата слика од пред неколку недели. Ќе има поставено редари секаде каде што се поставени и ќе ги упатуваат граѓаните. Корпите ќе се празнат секојдневно, со цел да го зачуваме чист еден од најтрактивните делови за туристите, чаршијата на Скопје“, рече Абдусамет Шабани, директор на ЈП „Комунална хигиена“.
Акцијата за поставување на корпите за отпадоци продолжува утре на кејот на Вардар.