Рафаел Надал ќе игра во финалето на Индијан Велс, откако во возбудлив дуел со 2:1 во сетови го победи сонародникот Карлос Алкараз. Повеќе од три меча траеше дуелот на легендарниот Шпанец и тинејџерот кој треба да биде негов наследник, а на крајот славеше Надал.
Уште во првиот гем Алкараз направи брејк и покажа дека ова ќе биде неверојатен меч. Дури пет брејка имаше во првиот сет, а на крајот Надал го доби со 6:4. Во вториот сет беше уште повозбудливо. Алкарез направи три брејка против Надал и за еден час и 15 минути игра го доби вториот сет со 6:4.
Во решавачкиот трети сет еден брејк беше доволен за да се дознае победникот. Беше 4:3 за Надал кога Рафа успеа да го добие сервисот на противникот и тука го скрши неговиот отпор за конечни 6:3.
За Надал ова е 20-та победа сезонава во низа, но што е уште поважно, Рафаел стигна до 954 победа, надминувајќи го рекордот на Роџер Федерер кој имаше 953 победи.
Во финалето на Индијан Велс, Надал ќе игра против домашниот тенисер Тејлор Фриц.