Рашиди: Оваа влада нема капацитет да спроведе реформи

Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците вели дека оваа влада нема капацитет да спроведе реформи во земјата. Тој рече дека како партија се отворени за коалиција.

„Тука сум да го изразам својот гнев од Комисијата за европски прашања. Причините за недобивање датум се бараат надвор, но причината е тоа што нема да реформи дома. Оваа влада нема капацитети да води реформи. Нашите ставови се јасни, отворени сме за коалиција“ рече Рашиди.

Денеска се одржува прва седница на Комисијата за европски прашања по одлуката на Европската Унија за недобивање датум за почеток на преговори со Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави