Џо Бајден не добил причесна поради својот став кон абортусот

Свештеник во црква во Јужна Каролина одбил да му даде причесна на поранешниот потпретседател на САД од редовите на американските демократи, Џо Бајден, поради неговиот став кон абортусот, пренесува „Спутник“.

Според информациите на „Саут Керолајна морнинг њуз“, инцидентот се случил во градот Флоренс. Отецот Роберт Е. Мори изјавил за локалниот весник дека морал да одбие да му даде света причесна на поранешниот потпретседател Бајден.

„Светата причесна значи дека сме едно со Бога, со другите и со Црквата. Нашите постапки треба да го одразуваат тоа. Секоја јавна личност која се залага за абортус се става себеси надвор од црковно учење. Јас ќе се молам за господинот Бајден“, рекол свештеникот.

Канцеларијата на Бајден не ја коментираше одлуката.

Бајден, кој е единствениот католички кандидат од Демократската партија на претстојните избори, не добил причесна бидејќи Римокатоличката црква смета дека човечкиот живот е свет од моментот на зачнувањето.

Летово Бајден објави дека е против нацрт-законот за забрана за употреба на федерални средства за абортуси откако се соочи со сериозни критики во својата партија. Бајден мораше да се откаже од својот децениски став по ова прашање и изјави дека жените мора да имаат целосен и фер пристап до репродуктивната нега, вклучително и до абортусот.

Треба да знаете
Последни објави