Брачна двојка чувала пченка за кокошките во сандак вреден 11 000 американски долари

Сандак од луксузниот француски бренд „Луј Витон“, стар 150 години, бил пронајден кај една постара брачна двојка од Украина која во него чувала пченка за кокошките, не знаејќи ја неговата вистинска вредност. Александар и Александра Сокраниќ од селото Мохнах не знаеле каков артефакт имаат во куќата. Сепак, тие го сочувале бидејќи во него чувале различни работи. Се верува дека сандакот му припаѓал на поранешното руско кралско семејство.

Украинските пензионери во сандакот складирале пченка, понекогаш кромид и друг зеленчук, сè додека еден ден нивниот братучед не им открил за каков предмет станува збор. Тие веднаш го однеле сандакот во локалниот Етнографски музеј. Директорот на музејот, Максим Булах, изјавил за руските медиуми дека ја проверил автентичноста на сандакот во бутикот „Луј Витон“ во Киев.

Потоа дознал дека сандакот веројатно е произведен на почетокот на 1880 година и може да чини најмалку 11 000 американски долари. Некои сандаци од марката „Луј Витон“ може да достигнат цена од 100.000 американски долари. Булах верува дека токму овој сандак исчезнал во рускиот царски воз кој излетал од шините во 1888 година во Украина.

Додека ги чекаат парите од аукција на стариот ковчег од францускиот бренд, Александра и Александар храната за нивните кокошки ја чуваат во лимен лонец.

Треба да знаете
Последни објави