Конте: На Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа

На Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите, изјави премиерот на Италија, Џузепе Конте, на средбата со македонскиот премиер, Зоран Заев, во Рим.

„Северна Македонија водена од Заев е пример за сите балкански земји. Со храброст ги решава сите понуди. Има голема подршка од Италија. Благодарение на оваа храброст Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Затоа дозволивме земјата да се зачлени во НАТО. Затоа на Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите“, рече Конте.

Заев, пак, му се заблагодари на италијанскиот премиер за поканата за посета на Рим.

„Ги негуваме и развиваме пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји и нашите граѓани потврдувајќи дека Европа е нашиот заеднички дом“, напиша Заев на „Фејсбук“

Треба да знаете
Последни објави