Лестер – ПСВ е дербито во четвртфиналето во ЛК, Рома доби шанса да му се одмазди на Бодо

Денеска беше извршена ждрепка за четвртфиналето во премиерното издание под капата на УЕФА, Лигата на конференции и во центарот на вниманието ќе биде англиско-холандската пресметка.

Ждрепката сакаше Лестер и ПСВ Ајндховен да играат меѓу себе во четвртфиналето, а возбудувања се очекуваат и на дуелот помеѓу Бодо Глимт и Рома.
„Римската волчица“ доби шанса да му се одмазди на Бодо за катастрофалниот пораз од 6:1 во групната фаза.

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 7. април, а реваншите се закажани за 14. април.
Полуфиналните дуели се закажани за 28. април и 5. мај, додека финалето ќе се игра на 25. мај во Тирана.

Двојки за четвртфинале:
Бодо Глимт – Рома (1)
Феенорд – Славија Прага (2)
Олимпик Марсеј – ПАОК (3)
Лестер – ПСВ (4)

Двојки за полуфинале:
победник од натпревар 4 – победник од натпревар 1
победник од натпревар 2 – победник од натпревар 3

Треба да знаете
Последни објави