Судот за спортска арбитража (CAS) во Нион денеска ја одби жалбата на фудбалската федерација на Русија, а која што се однесуваше на суспензијата на „Зборнајата“ да се натпреварува се додека трае војната во Украина. Па така, со ова и дефинтивно е потрдено дека Русија нема да има можност да биде дел од полуфиналето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар, туку Полска директно оди во финалето.
Ова е конечната разрешница околу статусот на репрезентацијата на Русија во моментов, и нејзините настапи. Суспензијата е активна, CAS, не ја укина истата и е важечка се додека УЕФА и ФИФА не донесат поинаква одлука.