Кривична за двајца кривопаланчани за ,,фалсификувани пари”

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.С. и Ј.С., двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”, во врскаДвајца  со кривично дело „соизвршителство”. Во декември 2018 пријавените, од едно лице од Белград, Србија, набавиле 10 фалсификувани банкноти во апоени од по 500 евра (вкупно 5.000 евра), по што во декември 2018/јануари 2019 година, во с.Добровница, Крива Паланка, во домот на Љ.П.(86), за исплата на претходно земен долг, на истиот му дале осум фалсификувани банкноти, во апоени од по 500 евра, нанесувајќи му штета од  246.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави