Ѓуроски е играч на колото во втората француска лига

 Македонскиот кошаркар Стојан Ѓуроски, благодарение на играта која ја прикажа во дресот на Евро против Поатие, беше прогласен за најкорисен играч во третото коло во Про Б-лигата во Франција.

Ѓуроски во победата на неговиот тим од 102:69, придонесе со 26 поени, 13 скока и две асистенции, што му донесе највисок индекс на корисност од сите играчи кои настапија изминатиот викенд во француската второлигашка конкуренција.

Крилото од Гостивар погоди шест тројки од осум обиди, и му ја донесе првата победа на Евро сезонава. По трите настапи во новата средина за него, 28-годишниот Ѓуроски има просек од 11 поени и 6,3 скока. 

Треба да знаете
Последни објави