Во Шведска, како и во многу други земји во светот, последниве години има зголемена побарувачка за работници и професионалци во ИТ-секторот на пазарот на трудот. Работниците во овој сектор можат да заработат 4.200 евра месечно во Шведска.
ИТ-професионалците кои имаат завршено постдипломски студии на ова поле можат да заработат близу 4.920 евра месечно. Локален портал пишува дека на шведската технолошка сцена итно ` се потребни ИТ-професионалци, а програмер е една од професиите што во моментов се најбарани во оваа земја.