Џонсон дозволи враќање на десет пратеници во Конзервативната партија

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска повторно прими 10 од 21 пратеник конзервативци, кои минатиот месец ги отстрани од пратеничката група.

Џонсон се сретна со тие десет пратеници во својата канцеларија во британскиот Парламент, а меѓу нив беше и поранешниот министер Грег Кларк и Коколас Соамс, внук на поранешниот британски премиер Винстон Черчил.

– Очекувањата од сите ториевски пратеници и кандидати кои би учествувале на изборите е да направиме да биде усвоен договорот за Брегзит, истакна портпаролот на Џонсон.

Треба да знаете
Последни објави