На неколку месеци пред избори власта рапидно се задолжува. Со потпис на Нина Ангеловска, а со одобрение на Зоран Заев, Македонија вчера беше задолжена за нови 41 милион евра.
За само 3 месеци сумата на нови задолжувања надминува над 200 милиони евра.
Јавниот долг поради расипничките политики на Зоран Заев одамна надмина 5 милијарди евра, и истиот има тенденција на зголемување.
Иако јавниот долг расте инвестиции нема. Бројката на реализирани капитални инвестиции е очајно ниска. Не е изграден ниту еден километар нов автопат или магистрален пат. Се што прави власта е премачкување со асфалт на проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека тоне јавниот сектор, тоне и бизнисот.
Лошите економски политики на Зоран Заев предизвикаа пад на Македонија на листата на „Дуинг Бизнис“ од 10 на 17 место. Зголемените даноци, новите давачки, партизираното судство и корупцијата присутна во секое ниво на власта си го зема својот данок.
Од лидер во регионот по ново отворени работни места по глава на жител станавме земја која заостанува зад сите во регионот.
Со Зоран Заев Македонија само тоне. Доаѓа денот кога граѓаните ќе им кажат НЕ на лошите политики на СДСМ. Од 12 април почнува обновата на Македонија.