Де Ниро го смета Трамп за обичен кловн и лакрдијаш

Познатиот холивудски актер Роберт де Ниро повторно јавно го кажа своето мислење за сегашниот американски претседател Доналд Трамп, кого го нарече обичен кловн и лакрдијаш во интервју за британскиот магазин GQ.

Де Ниро ги обвини љубителите на ТВ-серијата „Приправник“, во која шефот на Белата куќа ја играше главната улога, дека токму тие создадоа „чудовиште“ од него.

„Сите злосторства извршени од неговите приврзаници беа инспирирани од реториката за која се залагаше самиот Трамп. Ова што се случува е срамота. Доналд Трамп ќе ја уништи оваа земја и мора јавно да кажеме дека тој на своите раце носи крв на невини луѓе”, рече Де Ниро.

Роберт де Ниро се подготвува да го промовира долгоочекуваниот филм „Ирецот“, во режија на неговиот долгогодишен пријател Мартин Скорсезе.

Треба да знаете
Последни објави