Експертите стравуваат дека стотици коали ќе загинат во пожарите што го уништија нивното живеалиште на источниот брег на Австралија. Претседателката на Заедницата за зачувување на коалите, Сју Ештон, рече дека се надева дека на заштитниците на диви животни ќе им биде дозволено да започнат со пребарување на погодената област в четврток за да најдат преживеани животни, пренесува АП.
Пожарот започна со удар на молња во петокот во шума во Нов Јужен Велс, на 300 километри северно од Сиднеј, и оттогаш се запалени 2.000 хектари шума, или две третини од живеалиштата на коалите.
„Ако погледнеме во стапката на преживување од 50 проценти, тоа е околу 350 коали и тоа е апсолутно погубно. Се надеваме дека не е толку лошо, но заради интензитетот на пожарот и начинот на однесување на коалите за време на пожарот, немаме многу надеж“, рече Ештон.
За време на пожар, коалите се качуваат високо на дрвјата.
Ештон додаде дека колонијата на коалите е генерално здрава и генетски разновидна и дека ги сакаат крајбрежните шуми.