„Можам да те видам во темнината“ – в понеделник изложба посветена на слепите лица

Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 2, в понеделник на 4 ноември во 20 часот ќе се отвори изложбата „Можам да те видам во темнината“, од Елита Алити и Сокол Марковски.

Изложбата е посветена на слепите лица.

Елита Алити е родена во 1995 година во Куманово. Во 2018 година дипломирала на Факултетот за Ликовна Уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, педагошки оддел, во класата на професорот Јован Шумковски. Учествувала на неколку групни изложби во земјажва.

Сокол Марковски е роден во 1966 во Скопје. Во 2018 година дипломирал на Факултетот за Ликовна Уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, педагошки оддел, во класата на професорот Јован Шумковски. Учествувал на неколку групни изложби во земјава.

Целта на уметниците на изложбата е да стават акцент на слепите луѓе, нивните права и потреби и нивното интегрирање во општеството.

Треба да знаете
Последни објави