Собранието се распушта на 11, изборите ќе бидат распишани на 12 февруари

Првиот човек на Собранието, Талат Џафери информираше дека изборите ќе се распишат на 12 февруари.

Тој додаде дека последен работен ден на пратениците од актуелниот состав ќе биде 11 февруари 2020 година.

Џафери денеска на средба со новинарите рече дека според Уставот, изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од самораспуштањето на Собранието. Избрите ќе се одржат според досегашниот изборен модел.

Во однос на ратификацијата на Протоколот за НАТО, Џафери рече дека по распушатењето нема можност за свикување на Собранието. За ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав.

Кон крајот на декември, до Собранието треба да стаса предлогот со имиња за техничка влада, за да може претседателот Џафери на 3 јануари да ја закаже седница за изгласување на новата влада. Техничката влада треба да биде избрана 100 дена пред одржување на предвремените парламентарни изборите кои се закажани на 12 април.

 

Треба да знаете
Последни објави